Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Моли за прошка, принцот Филип и признал на кралицата дека ја Изневерил

На 100-годишна возраст, војводата од Единбург конечно собра храброст да и признае на својата сопруга, со која ги поминал последните 73 години, дека не бил верен сите свои години брак.

Иако седум децении брак за многумина изгледа како невозможна мисија, 94-годишната британска кралица Елизабета и нејзиниот петгодини постар сопруг, принцот Филип, поминале токму толку години заедно. Славната двојка пред неколку дена ја прослави 73-та годишнина од бракот, во која имаат четири деца, 71-годишниот принц Чарлс, 70-годишната принцеза Ана, 60-годишниот принц Ендру и 56-годишниот принц Едвард. Иако дуото сè уште стои стабилно рамо до рамо, со текот на годините, во јавноста, во неколку наврати, се појавиле гласини за неверството на принцот, а тој редовно ги демантирал. Како и да е, како што сега пишува списанието Star, 99-годишниот војвода од Единбург конечно решил да зборува искрено за сè и да и признае на сопругата дека сепак ја изневерувал во неколку наврати во седумдеценискиот брак.

Според неименуван извор, соочен со фактот дека не му преостанувало уште многу време, принцот Филип најде сила да застане пред кралицата и да и ’ја признае целата своја афера, а истовремено и побарал прошка за истото. Како што објасни изворот за американскиот таблоид, една од најконтроверзните кнежевски измами за која некогаш се пишувало, е онаа со 30 години помладата, Пени Ромси.

67-годишната британска благородничка и нејзините блиски односи со сопругот на кралицата Елизабета Втора, пред многу години била мета на таблоидите кои пишувале дека таа негува многу поблиски односи со принцот од она што тие го презентираат во јавноста, и иако самиот Филип го негирал сето ова, тој, наводно, конечно признал дека написите во медиумите се вистинити.

Иако деталите за признанието на принцот не се споменати, изворот ја наведе желбата на 99-годишникот да го напушти светот со чиста совест и простувањето на неговата сакана сопруга со која ги поминал последните 73 години како една од клучните причини за ваквиот пресврт во скандалот.

Патем, авторката Ингрид Сејуард пишува за скандалите и привремените сопружнички во нивниот брак во книгата „Откриен е принцот Филип“. Таа неодамна ги откри непознатите детали од нивната врска, меѓу кои и тврди дека имале неколку големи расправии низ годините, а особено една. Во интервју за Fox News, таа открила дека кралицата Елизабета фрлила тениски рекет и чевли кон нејзиниот сопруг за време на кралската турнеја во Австралија во 1954 година. Потоа кралскиот пар бил следен од филмската екипа бидејќи снимале документарец, а целата кавга ја снимиле камера. „Филмската екипа стоеше пред мала празнична вила. Одеднаш го видоа принцот Филип на балконот, проследен со тениски рекет и неколку тениски чевли фрлени кон неговата глава“, откри тогаш Ингрид.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement