Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Направете ги најфините француски колачиња сами дома! Еве што сѐ ви е потребно за макарунс со фил од чоколадо!

Макарунс се едни од најдобрите француски колачиња, а можете да ги подготвите сами дома. Наместо полнење, можете да ставите обичен џем од кајсија и тие ќе бидат вкусни.

  • Состојки:

5 белки

100 гр шеќер

180 гр мелени бадеми

260 гр шеќер во прав

3 или 4 ќесички прехрамбена боја или гел

  • За фил:

200 гр чоколадо

100 мл слатка павлака

половина лажица темен рум

  • Подготовка:

Прво измелете (бланширани без лушпа) бадеми и просејте ги. Просејте и шеќер во прав исто така. Изматете ги белките, додадете шеќер, боја во прав, потоа бадеми и шеќер во прав, кои можете да ги мешате со процесор за храна. Подгответе два плеха и обложете ги со хартија за печење. Ставете ја смесата во вреќа со шприц со горниот дел отсечен, истиснете ги колачињата и оставете ги да се исушат најмалку 40 минути. Печете ги на 150 степени 13-15 минути. За филот загрејте ја слатката павлака и румот додека не зовријат, па додадете ги во садот со скршеното чоколадо. Покријте и оставете да се стопи. Кога ќе се олади, истурете во шприц и нанесете на макарунсите.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement