Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Фризерот на Меган Маркл открива како вашата коса да изгледа убаво, негувано и сјајно во секој момент!

Џорџ Нортвуд, кој е задолжен да ја прави косата на Меган Маркл да изгледа феноменално во секое време, открива кои 4 чекори се клучни кога станува збор за нега на коса.

Соодветната грижа е особено важна во зимските месеци, бидејќи во овој период е изложена на ветер, сув воздух поради греење и други надворешни фактори. Сето тоа ја прави кршлива и сјајот се губи. Ако ги следите овие 4 правила, вашата коса ќе изгледа добро негувана во секое време:

  1. Избегнувајте фенирање за рамнење на косата

“Лично, локните секогаш изгледаат порелаксирано. Кога косата е завиткана, изгледа поубаво, сјајно и поздраво. Сите недостатоци може да се видат на директно правата коса, па затоа и благите бранови се многу подобро решение”.

  1. Користете сув шампон за вашата коса да изгледа подебела

Сув шампон е одличен за оние жени кои имаат тенка коса. Сувиот шампон и дава текстура на косата и ја прави визуелно погуста. Џорџ нагласува дека со овој производ не треба да се претерува, бидејќи може да ја исуши косата. Користете го овој трик во посебни прилики.

  1. Избегнувајте употреба на пегла за коса колку што можете

Пеглите можат да предизвикаат статички електрицитет да се таложат во косата и да отстранат се што е природно од изгледот. Правата коса може да создаде безживотен изглед.

  1. Користете маски за коса што е можно почесто

“Редовната употреба на негувачки маски ќе ја оживее косата и ќе го врати нејзиниот сјај. Се препорачува да се користат еднаш неделно, а најдобро е да содржат оние што содржат масло од арган.”

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement