Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Направете домашен протеински прашок за слабеење: Готов е за само 10 минути (рецепт)

Оревите и семињата се богати со витамини и минерали, како цинк и селен, но и протеини кои позитивно влијаат на тонусот на мускулите, коските и го регулираат апетитот.

Исто така, ќе најдете извор на здрави масти и калории во оваа храна. Ако сте на диета или сакате да изгубите тежина на здрав начин, овој протеински прав може да ви помогне да изгубите маснотии, да го регулира апетитот и да ја намали потребата за нездрави слатки и закуски.

Рецепт за домашен и природен протеински прав

Состојки:

1 чаша бадеми
1/2 чаша ореви
1/4 шолја ф’стаци
1/4 чаши индиски ореви
2 лажици семе од тиква
2 лажици семе од диња
1/2 чаша овесна каша
2 лажици семе од чиа
1/2 чаша млеко во прав

Подготовка:

Печете ги бадемите во тава на тивок оган неколку минути, додека не почувствувате мирис. Истата постапка повторете ја со ореви, ф’стаци и индиски ореви, а потоа и со семињата. Истурете ги печените ореви и семиња во сад, а потоа додадете овесна каша и семе од чиа. Состојките измелете ги во блендер додека не добиете ситен прашок, а потоа додадете го млеко во прав и измешајте.

Ставете го добиениот прав во тегла и чувајте го во фрижидер.

Користете го со истурање на 1 лажица домашен протеински прав во една чаша млеко и промешајте. Можете, исто така, да додадете малку цимет.

Овој протеински прав можете да го истурите и во смути и шејкови.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement