Во времето помеѓу двете светски војни, Париз стана најголемиот уметнички центар. Трендот на толеранција во прифаќањето на модернизмот привлекува во главниот град на Франција голем број уметници, кои избегале од револуцијата во Русија, економската криза во Германија и американскиот провинцијализам. Во ова разновидно милје, има најголеми имиња во уметноста како Пабло Пикасо, Диего Ривера, Константин Бракуси, Амадео Модилјани…
Модилјани е роден во 1884 година во Ливорно, во еврејско семејство. Неговиот талент за сликање бил препознаен уште како дете, но бидејќи неговиот таткото се спротивставувал да стане сликар, Амадео, веројатно, никогаш немало да го развие својот дар да не била неговата мајка што го поддржувала, но и фактот дека бил многу болна личност.
Во 1898 година, Модилјани добил тифус. По закрепнувањето, му било дозволено да го напушти училиштето и да посетува часови за цртање и сликање во Ливорно академијата за уметност.
Неколку години подоцна, Модилјани се преселил во Париз и го формирал својот препознатлив стил – сликарството, но и животот.
Во првата деценија од минатиот век, сликарот веројатно ги имал првите траги од туберкулоза, но тој ги покорил со алкохол, опијати и дрога, па поради тоа почестите напади на кашлање и исцрпеност се припишувале на неговиот маѓепсан живот, а не на болеста.
Амадео е познат и по скандалозното однесување што ги шокирало парижаните во тоа време. Тој бил во можност да се соблече на сред улица само за да предизвика реакции на љубезните минувачи. Исто така, бил придружуван од многубројни љубовни врски со мажени жени.
Уметност
Иако неговите дела денес вредат цело богатство, тоа не било секогаш така. За време на неговиот живот, тој бил почитуван сликар, но не бил доволно платен. Живеел во сиромаштија до крајот на својот живот.
До Првата светска војна, Модилјани главно правел скулптури од камен инспирирани од африканската уметност. Некаде околу 1914 година, тој престанал да ваја и започнал да слика во експресионистички стил – лицето и вратот во издолжена форма, додека перфекните линии се фино свиткани, зеницата на очите често не се гледаат, усните се ситни …
Во 1916 година, Амадео започнал голема серија екстремно еротски дела, според кои ќе стане најпрепознатлив. Често им ги давал како подарок, во замена за храна.
Иронично, некои историчари на уметност сметаат дека злобниот живот што го водел Амедео Модилјани е одговорен за неговиот оригинален стил. Приврзаниците на оваа теорија сметаат дека доколку останел трезен, ако не уживал толку многу во абсент и хашиш, Модилјани ќе бил само еден просечен сликар, кој никој денес немало да го памети.
Година што му го промени целиот живот
Амaдео Модилјани бил многу интересна личност во Париз. Шармантен, директен и со голема насмевка, им приоѓал на жените. Тој лесно ги освојувал женските срца и тие останале овековечени во портретите како негови музи.
Сепак, неговата најголема љубов е Жан Ебјутерн, деветнаесетгодишна студентка, кого го запозна во 1917 година. Кревка, нежна, со нежни црти на лицето и костенлива коса, таа била скоро вистинска реализација на поимот за женска убавина на Модилјани.
Меѓусебната љубов избувнала скоро веднаш и таа станала најсликаниот модел. Сепак, родителите на Жан Ебјутрен остро се спротивставиле на оваа врска. Како примерни католици, тие не можле да се помират со фактот дека избраниот на нивната ќерка е Евреин. И покрај нивното противење, одлучила да се пресели кај нејзиниот избраник.
Модилјани и Жан за неполна година заминале од Париз во Ница и во тој период се создадени неговите најпознати и денес најскапи дела. На крајот на 1918 година, прекрасната придружничка на Модилјани ја родила нивната ќерка, нарекувајќи ја со нејзиното име – Жан.
Тие одлучуваат да се вратат во Париз и тогаш се чинело дека сè ќе биде добро. Сепак, годините на злобниот живот почнале да го наплаќаат данокот.
Игнорирајќи ја подмолната болест, Модилјани само ја забрза прогресијата на туберкулозата. Конечно ја загубил битката со болеста на 24 јануари 1920 година. Имал само 35 години.
Скршена од болка, ден по неговиот погреб, Жан изврши самоубиство скокајќи низ прозорецот од станот на нејзините родители на петтиот кат. Таа била во осмиот месец од бременоста носејќи го нивното второ дете.
На почетокот, семејството не ја сподели нејзината желба да биде погребана покрај нивниот сакан партнер. Дури по 10 години, нејзините остатоци добија дозвола да бидат пренесени во гробот на Модилјани на познатите гробишта Piere Lachaise во Париз. Над двата гробови се наоѓа само една надгробна плоча со два епитафи. Неговиот гласи: „Затекнат од смртта, во моментот на славата“, а нејзиниот: „Посветен придружник, вечна жртва“.