Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Плетиво со принтови: „Кич“ трендот кој повторно го засакавме заради принцезата Дајана

Во овој момент, да се каже дека принцезата Дијана е икона за стил е еднакво на тоа да се каже дека 2020 година е без преседан. Неспорна вистина е дека Дијана била и ќе биде една од најважните и највлијателни личности во светот на модата (како и многу други ‘светови’).

Нејзините модни моменти од црвениот тепих и други настани и денес се споменуваат толку често како што и тогаш. Кадифе, карнери, јастучиња за рамо, дезени и накит создадоа фантастични модни моменти, но токму обичниот стил на Дијана го зацврсти нејзиниот статус на постојана икона во стилот.

Тоа беше мода што дотогаш не сме имале шанса да ја видиме од личност под кралското внимание: кратки велосипедски хеланки со спортски кошули, кошули со големи димензии со фармерки со висок струк, јакни со раменици споени со капи. Дијана дури го навлече дното на тренерката во високи чизми и ја направи пожелна оваа некомпатибилна комбинација.

Сепак, тоа е нејзината колекција на впечатлива, ако не и комплетно кичеста трикотажа која во моментов го доживува својот голем кам-бек благодарение на извонредниот дизајн на костуми на реномираната серија „Crown“ на Netflix.

Повторно се потсетивме на најдобрите модни моменти на Дијана, а вниманието особено го привлече враќањето на впечатливата трикотажа со дезен. И бидејќи е сезона на пуловери, џемпери и кардигани, идеално време е да го копирате нејзиниот уникатен стил. Погледнете ја нашата галерија и проверете кои модели ги најдовме во продавниците на улиците.

Image
ZARA
Image
ZARA
Image
ZARA
Image
H&M
Image
H&M
Image
MANGO
Image
MANGO
Image
ASOS
Image
ASOS
Image
ASOS

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement