Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Бело смути за зајакнување на мускулите и имунитетниот систем

Белата храна може да стане стимулативна сила за вашето тело.

Велосипедистите кои јаделе круши пред, за време и после тренинг, возеле и се опоравувале побрзо од оние кои пиеле само вода, според истражувањето на лабораторијата за човечки перформанси на Државниот универзитет во Северна Каролина.

„Комбинацијата на здрави јаглехидрати и полифенолната мешавина од крушите го забрзува процесот на закрепнување на мускулите“, објаснува авторот на студијата Дејвид Ц.Ниман. Витаминот Ц од крушите и други плодови, исто така, може да го зајакне вашиот имунолошки систем, кој може да падне по тренингот.

За силни мускули и имунитет, ви предлагаме да подготвите смути од круша со арома на ванила.

Потребно ви е:

2 големи круши исечени на половина
1 лажица оцет
1 чаша незасладено млеко од бадем
1/2 чаша јогурт со малку маснотии
3 лажици семе од анасон
малку цимет

кардамон во прав
ѓумбир во прав
1 лажица јаворов сируп (или мед)
кора од портокал
1 чаша коцки мраз

Загрејте ја рерната на 200 ° C. Ставете на плехот хартија за печење, а потоа крушите добро се мешаат со оцет и убаво се распоредуваат за да бидат вкусни. Печете 30 минути, па ги вадите од рерна, и ги оставате крушите целосно да се оладат.

Ставете печени круши, бадемово млеко, цимет, кардамон, анасон, ѓумбир, кора од портокал во блендер и миксајте додека смесата не стане хомогена. Додадете мраз и повторно измешајте. Поделете ја смесата во 3 чаши.

Хранлива вредност по порција:

200 калории,
6 гр. маснотии (1 гр заситеност),
28 гр. јаглехидрати,
7 гр. протеини,
6 гр. влакна,
75 мг натриум

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement