Со секое ново издание, Шерон Стоун држи часови по мода на жени ширум светот. Иако оваа година го прослави својот 62-ри роденден, таа не се откажува од своите младешки комбинации, а мора да признаеме дека и стојат одлично.
Со секој стајлинг привлекува многу внимание и само позитивни проценки.
Покрај совршениот стил, таа може да се пофали и со совршена линија и младешки изглед. На прашањето како успева да изгледа толку добро, таа вели: „Јас не јадам вештачки третирана храна, не пијам кафе и многу ретко консумирам газирани пијалоци и алкохол“, изјави славната русокоса и додаде: „Но затоа јадам месо, темно чоколадо, и немам проблем да додадам шеќер во чајот ако сакам“.
Актерката неодамна зборувала на темата стареење и испрати силна порака до жените.
„Сега се чувствувам посигурна од кога и да е. Со текот на годините станав селективна за тоа со кого го минувам времето и повеќе не сум опседната со својот изглед. Идејата за вечна младост е мит и би сакала тоа да го научев многу порано. Не сакам да изгледам помладо, сакам да бидам жена со најдобриот изглед на мојата возраст“.









