Совршени Божиќни празници за „Кралицата на Барбадос“
Ријана официјално ги прогласи Божиќните празници за отворени. Пред неколку дена, пејачката долета во родниот Барбадос на одмор со роднини – а сега ги задева фановите со своите провокативни фотографии.
Ријана објави фотографија на Инстаграм каде позира со нова фризура во мало, разиграно бикини. Секси бикинито со принт од цреша е од линијата Харли Виера-Њутн од 2016 година позната по своите летни фустани и ретро костими за капење.
Својот заводлив имиџ на брегот на океанот го надополни со мини чанти „Шанел“, архивски дизајн.
.jpg)
