Холивудскиот актер Силвестер Сталоне (74), најпознат по улогите во „Роки“ и „Рамбо“, не штеди ниту за време на пандемија. Тој одлучи да потроши дел од своето богатство на имот во Палм Бич, Флорида, што е популарно место за собирање на богатите.
Актерот купи вила веднаш до морето и плати околу 30 милиони евра за неа. Луксузната вила е дизајнирана така што има поглед кон морето и е заштитена од несакани погледи. Големина е 1.230 квадратни метри и има седум спални соби, десет бањи, бројни простории за дружење, а погледот кон океанот е неизбежен.

Таму, актерот ќе живее со сопругата Џенифер Флавин (52) и ќерките Систин (22), Софија (24) и Скарлет (18).
Покрај вилата во која ќе престојува Сталоне, постои и куќа за гости веднаш до базенот сместен на имотот. Покрај тоа што купија имот во една од најлуксузните делови на Флорида, покрај нив се наоѓаат и славните соседи – Џон Бон Џови (58), Род Стјуарт (75), Хауард Стерн (66) и Доналд (74) и Меланија Трамп (50).

На почетокот на годината Сталоне ја продаде куќата во Ла Квинта, Калифорнија за 2,5 милиони евра, што е многу помалку отколку што првично платил. Тој сакаше да го продаде за повеќе, но немаше купувачи се додека не ја намали цената. Во тоа време соседи му беа Канје Вест (43), Ким Кардашијан (40), Кајли Џенер (23) …

