Познатата модна уредничка Ана Винтур (70) важи за најмоќната жена во светот на модата, а нејзините совети за стил несомнено се слушаат и се многу ценети.
Освен што суверено владее со модната индустрија, не крунисаната кралица на модата со препознатлива фризура негува беспрекорен стил на облека, па модните критичари не се осмелуваат да се жалат на ништо.
Елегантни фустани, блејзери, палта, како и високи потпетици преовладуваат во нејзината гардероба, како и на јавните настапи.

Со оглед на овој начин на облекување, ретко кој можеше да ја замисли облечена во фармерки.
Сепак, уредничката на американски Вог откри дека сака да бира фармерки и сака да ги носи. Но, таа никогаш не би ги носела во следните прилики – при посета на Бакингемската палата и Белата куќа, како и на други места каде што фармерките се крајно непожелни.

Доколку таквото правило го пренесеме на условите на обичните луѓе, тоа би значело дека фармерките никогаш не треба да се носат за време на посети на претседатели и кралски семејства, свечени деловни или семејни прилики.
Сепак, третата ситуација изненади многумина. Ана откри дека не смеете да носите фармерки во ситуација кога треба да ги запознаете родителите на вашата избрана.
Секако, веднаш ќе се постави прашањето што да се стори ако се планира првиот состанок со потенцијалниот свекор и свекрва на патување, во природа или на спортски настан.


Таа советува дека се можни и панталони, но изберете опуштен модел со пошироки нозе или здолниште-панталони, во зависност од фигурата.
Ана исто така не поддржува носење флуоресцентни парчиња облека и тврди дека би ја носеле само „селанките“ кои не знаат многу за модата.
