Концептуалниот уметник Шахар Ливн создаде специјална колекција накит изработен од рециклирана океанска пластика и калциум карбонат за претставување на есенската колекција на голема светска марка.
Креациите за накит за есенската колекција на Баленсијага беа претставени како дел од играта AfterWorld, а инспирацијата за рециклираните пластични парчиња од океанот и калциум карбонатот се фосили и природни форми, рече идејниот уметник и автор на колекцијата Шахар Ливн.
Нејзиниот накит го носат ликови од претставата на Баленсијага, а во реалниот свет е креација што ќе се најде во продажба како дел од колекцијата за следната есен.
Нараквиците и обетките потсетуваат на фосили и органски форми, а времето на дејствување е дистописка иднина.
Креациите на Шарар Ливн се направени со употреба на 3Д техника на печатење, со текстура која потсетува на камен.
- Идејата околу накитот е идеја на креативната директорка Демна Гвасали, дека во иднина луѓето ќе носат облека се додека не се распадне, така што накитот изгледа како да се носи подолго време – коментира Ливн за Dezeen.
