Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Славните се одлучуваат за бизарни диети, а Роби Вилијамс скоро ќе беше жртва на една таква

Кога диетата ќе тргне наопаку …

Некои диети се таму за да изгубите килограми, а некои имаат за цел да го подобрат нашето здравје. Но, понекогаш диетата може да тргне наопаку и наместо да изгубиме тежина или здраво тело, добиваме здравствен проблем. Во тоа беше убеден и славниот пејач Роби Вилијамс.

Откако неговата сопруга Ајда Филд го принудила да оди на лекарски преглед, Вилијамс дознал дека е отруен со жива и арсен. Причината за труењето не е од некој што го мрази, туку неговата исхрана. Имено, Роби консумирал риба и морски плодови најмалку двапати на ден, но обично и повеќе. Бидејќи живата и арсенот се акумулираат во телото на риби, школки и мекотели, овие метали завршле во неговото тело и речиси го чинеле живот. Откако ја дознал оваа ужасна информација, тој веднаш се префрли на веганска диета и нивото на штетни метали во неговото тело значително опаднало.

Роби ја сподели својата приказна во радио интервју и нè охрабри да истражиме кои други бизарни диети ги испробале ѕвездите да постигнат идеална фигура или поздрав организам.

Повеќето од овие диети не се одржливи и гарантираат краткорочни отколку долгорочни резултати. Ние не ги застапуваме или препорачуваме, но ако одлучите за една од нив, не заборавајте да се консултирате прво со вашиот лекар. Најдобра диета е здрава и урамнотежена исхрана во комбинација со лесни вежби. Да мислеа така славните и самиот Роби, тие можеа да избегнат последици како ова опасно труење.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement