Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ретро Chanel очила за сонце од 5449 американски долари

Сè што лансира брендот Chanel, скоро веднаш станува тренд, кој, и покрај сите струи на времето и модата, останува вечен…

Ако имате чанта Chanel од пред три децении – тоа ќе биде нешто на што ќе ви завидуваат вистинските љубители на модата. Па, овој пат, нашиот предмет на обожување доаѓа од архивната колекција на Chanel од 1994 година. За време на модната ревија што се одржа пролетта 1994 година, моделите дефилираа по пистата носејќи очила за сонце украсени со бисери, создадени од Карл Лагерфелд, познат моден генијалец, чие наследство засекогаш е дел од нашиот свет.

Овие тркалезни убавини доаѓаат со витраж и метални делови во тон на сребро, на кои може да се забележат мали траги на носеност. Нивните форми се украсени со бисери, кои се лажни, но сепак ги носеа бројни sвезди, како што е Ријана.

Овој иконски моден додаток веднаш ќе ве трансформира во дива Chanel, зрачи со ретро шарм и совршенство. Кружните рамки украсени со бисери се вистинска колекционерска ставка, која доаѓа со цена од 5.449 долари. Очилата Шанел се произведени во Италија, но тие ќе ви помогнат да оставите совршен впечаток, каде и да сте.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement