Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Најголемата станбена површина на вода никнува во Холандија

Целиот свет се бори против климатските промени, додека многу луѓе, организации и компании прават сѐ за да ја санираат веќе направената штета секој ден…

Оние кои го покажаа своето знаење омаловажувајќи го влијанието на климатските промени и грижите што ги носат со себе како мит, мора да знаат дека многу луѓе ширум светот веќе прават големи промени поради опасните проблеми што се појавуваат на овој начин.

Waterbuurt е врвен проект за станбен развој кој го наоѓа своето место во Амстердам, а всушност е колонија на пловечки домови. Скоро 100 пловечки куќи се закотвени на езерото Ејмер, не во форма на чамци, туку вистински станбени згради. Создаден како дело на холандскиот архитект, Марлис Ромер, овој пловечки кварт е најголем од ваков вид во Европа и нуди различни видови станбени згради, кои се дефинитивно доволно удобни и луксузни.

Конструирани во бродоградилиште лоцирано околу 65 километри северно од езерото, пловечките вили се закотвени и поврзани со челични столбови, така што тие се движат само вертикално за време на промената на плимата. Со топењето на поларните глечери, две третини од холандското население кое живее под нивото на морето, живеењето на вода дефинитивно ќе биде подобра опција отколку да се живее на копно.

Визионер за водена архитектура, Коен Олтиус, изјави: „Веќе е далеку побезбедно да се живее на вода ако живеете во област каде што често се појавуваат поплави. Најголемите градови во светот веќе се густо населени, така што цената на метар квадратен рапидно расте, а водата не е толку скапа како земјата“.

Иако овој проект е практично сè уште во фаза на изградба, некои од вилите во него се веќе населени. Конструирани на бетонски платформи, пловечките вили се состојат од лесни челични рамки, дрвени sидови и панели. Нивните кујни и трпезарии се поставени на подигнатото приземје, додека дневната соба и отворената тераса се на горното ниво.

Спалните и бањите се пространи и дизајнирани со употреба на монохроматски шеми кои придонесуваат за отвореноста на просторот. Исто така, овие делови од домовите се наоѓаат на пониско ниво, што е делумно под вода. Покрај тоа, секоја од овие вили содржи зелени градини на нивните покриви, кои исто така се користат за собирање на дождовница.

Сите вили се меѓусебно поврзани со канали, додека истовремено ги дели една мрежа, што им овозможува на сите станари да споделуваат електрична енергија. Судејќи според сѐ, новиот начин на живот нè учи како да бидеме најдобрата верзија за себе…

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement