Пред извесно време титулата ја „презеде“ друга Русинка – Анастасија Књазева (9), која беше прогласена за „најубавото девојче на светот“.
Поради нејзините продорни, кружни сини очи, Анастасија потсетува на вистинска порцеланска кукла и гради успешна манекенска кариера веќе неколку години.
Таа има 1,3 милиони следбеници на Инстаграм, а досега работеше на модни кампањи за многу детски брендови.
На фотографиите изгледа премногу симпатично и исто како кукла, а оние кои работеле со неа велат дека е многу природна пред камерата и дека веќе позира како возрасна личност.
Профилот на Анастасија на социјалните мрежи го води нејзината мајка Ана, а малата убавица веќе се нарекува „чудо од дете“ и ѝ се предвидува одлична манекенска кариера.
