Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Конечно е познато кога кралицата ја препушта круната

Чарлс долго чекаше да стане крал. Или тоа ќе биде принцот Вилијам?

Владеењето на кралицата Елизабета II е најдолго во историјата на британското кралско семејство и трае дури 68 години. Бидејќи го „достигна“ 94-от роденден, британските медиуми минатата година започнале да шпекулираат дека кралицата ќе се повлече од тронот за нејзиниот 95-ти роденден, кој ќе го прослави за четири месеци. Тие гласини продолжија и оваа година, проследени и од веста како кралицата умира од рак на крв (леукемија). Прашањето е, колку вистина има во тоа? Дали принцот Чарлс, конечно, на пролет ќе стане крал?

Иако смртоносната болест на кралицата како главна причина за нејзиното откажување беше напишана пред околу една година, многумина имаат тенденција да ја отфрлаат како вистинска со оглед на тоа што кралицата продолжува да ги извршува своите должности и не изгледа многу полошо отколку што би очекувале од личност на нејзина возраст која оди на хемотерапија. Но, најверојатната причина за кралицата наскоро да се повлече е срамот што му го нанесе кралското семејство на нејзиниот најмлад син, 60-годишниот принц Ендру.

Американските истражители открија дека принцот Ендру бил добар пријател со покојниот милијардер Џефри Епштајн, кој водел бизнис со ангажирање на малолетни девојчиња за секс со богати и почитувани политичари, претприемачи и актери. Исто така, се дозна дека Енфру постојано доаѓал на приватниот остров на Епштејн на Карибите и силувал малолетни девојчињата, а неколку од нив директно го обвинија. Бидејќи судењето на главниот соработник на Епштајн, Гислајн Максвел во Њујорк сè уште трае, кралицата Елизабета, наводно, од срам не сака да биде на чело на кралското семејство кога ќе биде донесена пресудата. Можно е принцот Ендру да биде првиот член на инаку недопирливото кралско семејство што ќе одговара кривично за неговите злосторства.

Порталот Gossip cop, сепак, не верува дека кралицата ќе си даде оставка за нејзиниот 95-ти роденден. Тие потсетија дека уште минатата година, портпаролот на принцот Чарлс ги отфрли ваквите шпекулации и рече дека не се планира пензионирање на кралицата по нејзиниот роденден. Но, повторно, плановите лесно се менуваат, особено по големата економска и здравствена криза предизвикана од пандемијата на вирусот корона во светот, и го допре и судот, кој започна да го „затегнува појасот“, па овој Божиќ дури и асистентите на кралицата нема да добиваат Божиќни подароци од неа, за прв пат по 56 години.

Британските медиуми исто така шпекулираат со месеци дека кралицата му наредила на принцот Чарлс да абдицира веднаш откако е прогласен за крал, со цел 38-годишниот принц Вилијам да ја преземе круната. Наводно затоа што верува дека Вилијам и Кејт ќе бидат подобри владетели од Чарлс и неговата сопруга Камил Паркер, а според бројни анкети, ѝ британскиот народ мисли така. Дали тоа навистина ќе се случи, останува да видиме. Принцот Чарлс долго чекаше на круната и веројатно не изгледа дека лесно ќе се откаже од неа.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement