Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ги остави Бијонсе и Роналдо во прашина: Таа е најбогатата жена во 2020-та, а од цифрите на нејзината заработка ќе ви се сврти во главата!

Додека светот се бори со корона вирусот, многу индустрии пропаднаа, но не и продажбата на козметика и разни помагала за убавина. Од тоа профитираше и Кајли Џенер, која од страна на престижниот магазин Форбс беше прогласена за најбогата starвезда во 2020 година.

Најмладата од кланот Кардашијан заработи дури 600 милиони долари, што ја става на прво место. И не само тоа! Може да ги „изеде“ следните пет на оваа позната листа, затоа што заработи повеќе од сите заедно. Тука спаѓаат второпласираниот Канје Вест, кој заработи 140 милиони, Роџер Федерер со плата од 106,3 милиони, Кристијано Роналдо кој собра 105 и Лионел Меси со плата од 104 милиони долари во 2020 година. Шестопласираниот Тајлер Пери, актер, режисер и продуцент, не ја премина магичната граница од 100 милиони, но заработи „само“ 97 милиони долари.

Kajli Džener

Кајли ја завршува годината спектакуларно како што и започна. Потоа, таа најпрво беше прогласена за најмладиот милијардер во светот кој заработил сопствени пари (што ги исклучува богатите наследници од конкуренцијата), но магазинот Форбс многу брзо го демантираше сопствениот избор затоа што, наводно, добила погрешни податоци за заработката.

Kajli Džener

Сега, очигледно, нема сомнеж, а Кајли тогаш изјави „има многу поважни работи од парите“. Има, нели?

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement