Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Хајди Клум (47) со својата ќерка (16) ја краси насловната страница на Vogue: Сите зборуваат за убавината на наследничката на славниот супермодел! (ФОТО)

По ќерките Кејт Мос и Синди Крафорд кои тргнале по стапките на нивните мајки, сега наследничката Хајди Клум зачекори во модната индустрија…

Шеснаесетгодишната ќерка на Хајди Клум, Лени, го имаше своето деби како модел, позирајќи за насловната страница на германското издание на „Vogue“. Таа и Хајди Клум модно се усогласени за фотосесијата, што го краси изданието јануари/февруари 2021.

„Многу сум возбудена поради мојата прва насловна страница! Подобар старт не сум можела да замислам. Ти благодарам мамо што беше покрај мене“, напиша Лени на Инстаграм.

Клум ја роди Лени во 2004 година, набргу по разделбата од италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе. Таа потоа се омажи за британскиот пејач Сил, а од лани е во брак со германскиот музичар Том Каулиц.

„Многу сум горда на Лени. Оваа насловна страница е најдобриот прв чекор во кариерата за која сонува. Иако ми е малку тешко да ја пуштам во свет, ќе ѝ помогнам да ги оствари своите сништа“, кажа легендарниот германски супермодел.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement