Џенифер Лопез е голема обожавателка на дизајнерски чанти и ги носи во сите ситуации – од гламурозни настапи на црвениот тепих до одење во теретана. Еден таков профинет модел неодамна го носела во Мајами.
Американската пејачка и актерка во последно време често може да се види во модни комбинации кои обезбедуваат максимална удобност.
Не е ни чудо што тогаш била снимена како излегува од теретана во неонски розова тренерка од неодамна лансираната марка Runaway Hotel, поддржана од нејзиниот добар пријател и кореограф Парис Гебел.
Џенифер во комбинација лежерна тренерка во експресивна боја која е „видлива од вселената“ со спортски патики, но и со дамски модел на мала кожна чанта со потпис на Valentina.
Иако овој вид чанти е посоодветен за деловен костум или некаков вид коктел-фустан, славната дама не ја спречи да ја носи со својот спортски стајлинг.
Комбинацијата ја заокружи со очила за сонце Fendi и заштитна маска за лице без кои никој не излегува на улица.



