Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

PIaget и Mandarin Oriental ја претставуваат најволшебната елка на сезоната

Празничната сезона официјално пристигна, а доза на радост и среќа додава брендот Piaget…

Поточно, Mandarin Oriental Jumeira, Dubai и Piaget ги здружија силите за да создадат единствена новогодишна елка лоцирана на надворешната тераса на хотелот, што е сè што сакаме да видиме додека се збогуваме со оваа несреќна 2020 година.

Елката висока шест метри претставува традиционален квалитет на брендот Piaget, со елементи на хотелската компанија „Mandarin Oriental“, заедно со модерен пристап. Коментирајќи за ова златно чудо, Кристоф Бури, директор на High Jewellery & Exceptional Pieces во отсек со брендот Piaget, изјави: „Задоволни сме што работевме со марка Mandarin Oriental по овој уникатен повод. Со оваа златна новогодишна елка, сакаме да му покажеме на Дубаи која е суштината на брендот Piaget: уникатен квалитет на изработка, неверојатни креации и вистинско чувство за споделување на празничниот дух. Се надеваме дека оваа прекрасна празнична соработка ќе донесе радост и среќа на секој од вас! “

Нагласувајќи ја оваа тема, Вернер Анзингер, генерален директор на Mandarin Oriental Jumeirah, додаде: „Воодушевени сме што оваа година имаме можност да работиме со брендот Piaget на нашата елка. Piaget е бренд кој е страствен кога станува збор за извонредност, исто како и сите од брендот Mandarin Oriental, а оваа година е поважна од кога и да ѐ, каде секој од нас треба да ја игра оваа игра на вистински начин и да шири радост и среќа низ Дубаи, но и светот“.

Покрај исклучителната новогодишна елка, празничната сезона Mandarin Oriental Jumeira ќе понуди специјални менија за Бадник и Божиќ на 24 и 25 декември, во нивните извонредни ресторани, вклучувајќи ги Nets, Tasca, The Bay i Noor Lounge. Резервациите се веќе отворени на официјалната веб-страница на хотелот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement