Викторија Бекам (46) е некој што диктира трендови со години. Што и да облече, веднаш станува водечки тренд. Нејзините комбинации се секогаш беспрекорни, тренди и изгледаат многу моќно.

Сепак, патот до модната икона беше долг. Иако е тешко да се замисли, стајлинзите на Викторија беа малку проблематични на почетокот на нејзината кариера, па затоа во 2007 година беше на списокот на најлошо облечени жени во светот.
Денес, кога велиме кралица на стилот, скоро прва асоцијација на сите е Викторија Бекам.

Пронајдовме некои од нејзините најдобри изданија, а погледнете ја галеријата со фотографии и сигурно ќе најдете инспирација за следната облека.













