Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Елката Swarovski ја осветлува новата светла иднина на Милан

За да ја прослави 125-та годишнина и да посака подобро утре, Swarovski подготви спектакуларна новогодишна елка во галеријата Виторио Емануеле Втори.

Седма година по ред, Swarovski ги слави празниците со спектакуларна новогодишна елка во внатрешноста на историската и евокативна галерија Виторио Емануеле Втори во Милано, што е уникатно место, близу до срцата на сите локални жители и симбол на занаетчиството, убавината и креативноста.

Создадено во соработка со „l’Assessorato alla Cultura e allo Spettacolo del Comune di Milano“, дрвото Swarovski ќе ја осветлува Галеријата со своите магични кристали до 6 јануари, што е знак на топли желби за среќни празници и ќе испрати порака на радост и светлина до овој град.

Изданието има многу посебно значење за австриската куќа за накит, бидејќи оваа година слави 125 години постоење.

Tree of Light“ (Дрво на светлината) за 2020 година е љубовно писмо на глобалниот креативен директор на брендот Swarovski, Џована Енгелберт, до сите жители на градот, искрено потсетување за топлината и традицијата за време на празниците што им нуди отворена покана на посетителите да замислат подобра и посветла иднина.

Во согласност со доминантната тема избрана од општината за овогодинешните свечености „Tree of Light“, Swarovski е инспириран од идејата за вечна светлина, чувство на чудо за Божиќ и зора на нов ден. Елката е осветлена со ламби и рачно изработени украси од кристал инспирирани од небесни мотиви. Импозантната елка од 12 метри се наоѓа под „Небесен свод“ – импресивна инсталација што ја осветлува кристалната купола на Галеријата – и предизвикува момент на чисто воодушевување кај посетителите.

За Џована Енгелберт, по потекло од Милано, „Дрвото на светлината“ претставува враќање дома: елката го симболизира собирот на духовно поврзани семејства за да ги прослават празниците и покрај предизвиците на кои сите сме изложени оваа година. Искрите раѓаат верижна реакција полна со инспирација и креативност, идеја што ја рефлектира самата природа на Милано и испраќа порака на надеж и оптимизам за иднината.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement