Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Пијалок на месецот – варен џин

Датира од 18 век, но само во последните неколку години го презеде приматот на варено вино како омилен празничен пијалок.

Иако во нашиот регион џинот е повеќе поврзан со летните месеци, варениот џин нѐ е некоја новост. Всушност, варениот џин датира од 18 век, Англија. Овој пијалок е исклучително популарен во Лондон во текот на зимските месеци, со домашни медењаци како главно уживање на лондонските зимски саеми. Ова не треба да ве изненадува, бидејќи, иако можете да очекувате варениот џин да биде интензивен, груб, вкусот е токму спротивниот – благ и ароматичен, поцветен или овошен, накратко кажано „питок“, а зимските зачини додадени на него дополнително го загреваат грлото. Рецептот и подготовката се всушност многу едноставни, па зошто да не пробате.

РЕЦЕПТ:

50мл џин
150мл сок од јаболко
50-100мл свежо исцеден сок од портокал
2 лажици мед
1 цимет во кора
каранфилче
Ѓумбир
sвезда анасон
неколку парчиња исечено свежо јаболко и портокал

Ставете ги сите сокови и зачини во тенџере и полека загревајте, мешајќи повремено.
Кога течноста ќе зоврие, тргнете го од оган, додадете го џинот, сервирајте во чаши, украсете со парчиња свежо исечени портокали и јаболка и послужете топло.


Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement