Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Каква идеја! Достава за пица во кутија што се претвора во фудбал-маса

Петте најсреќни љубители на пица и фудбалска маса (столно фудбалче) ќе можат да го разубават своето секојдневие со нова играчка која Pizza Hut ја нарекува „парче задоволство“…

За сите љубители на фудбалот кои се разочарани од фактот дека не можат да гледаат натпревари во големо друштво заради коронавирусот, Pizza Hut смисли начин барем малку да ги утеши разочараните навивачи.

„Foosball Pizza Box“ е нивниот концепт што се рекламира во Хонг Конг како бесплатно парче задоволство – и тоа е кутија за пица која се трансформира во мини фудбал на маса.

Иако пред се станува збор за одличен маркетинг, љубителите на пица и столното фудбалче имаат одреден лимит. Акцијата трае до 20 декември, при што Pizza Hut ќе сподели 5 кутии на оние кои ја преземаат својата апликација и ќе остават најкреативен коментар на нивниот Фејсбук.

За жал, Македонија ја нема оваа франшиза, но можеби, локалните пицерии би можеле да надополнат со неколку интересни идеи како да се разубави секојдневието.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement