Можете да направите вкусен десерт од само неколку состојки. Куглите чизкејк со орео бисквити и бело чоколадо се еден таков сладок рецепт. Не мора да ја вклучите рерната за да ги подготвите, а се што ви треба се бисквити, бело чоколадо, крем сирење и малку екстракт од ванила.
СОСТОЈКИ:
400 грама бисквити Орео
340 грама бело чоколадо
220 грама крем сирење
1 лажичка екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА:
- Скршете ги бисквитите во ситен прав.
- Измешајте ги Орео бисквитите во прав со омекнат крем сирење и екстракт од ванила. Мешајте додека не се соединат сите состојки.
- Направете топчиња од добиената мешавина. Ставете ги на хартија за печење и во замрзнувач половина час.
- Замрзнатите топчиња потопете ги во растопеното бело чоколадо. Вратете ги во замрзнувач најмалку 15 минути за повторно да стврднат. Послужете ладно.
Добар апетит!
