Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Нови обвинувања! Елен Деџенерис психички ја малтретирала својата сопруга

Пред неколку месеци, животот на некогаш популарната, а сега една од најомразените личности во Холивуд, 62-годишната Елен Деџенерис, животот и кариерата ѝ отишле во надолен правец. Имено, во тоа време во јавноста излегоа обвинувања за токсична работна атмосфера и мобинг на снимањето на емисијата The Ellen De Generes Show, поради што водителката била нападната од поранешните вработени, но и од јавноста, која ја бојкотирале нејзината емисија. Сето ова имало исклучително лош ефект врз една од најпознатите лезбејки, која според „New Idea“ сега ги исфрла сите фрустрации и гнев врз својата сопруга, 47-годишната актерка Портија де Роси.

Имено, рејтингот на нејзиното некогаш популарно шоу од епизода во епизода се намалува, поради што Елен се плаши дека шоуто може да се откаже. Иако ја одржува имиџот на мирна и сталожена личност во јавноста која не е загрижена од критичарите, зад затворени врати Елен ги покажува нејзините вистински емоции, а токму сопругата страда поради сè.

„Елен е во голема паника. Сѐ навикнала на нејзиното шоу да биде едно од најгледаните, така што ова е сосема друг свет за неа. Анксиозна е, нервозна и на самиот „раб“. Јадната Портија го носи целиот товар на тоа“, пишува изворот близок до сопружниците за споменатиот таблоид.

„Целиот гнев се слева врз неа. Минатата недела имале страшна расправија кога Портија ја избркала Елен од состанокот. Елен не престанала да ‘вреска’ и со сила ја терала Портија да вози побрзо. На Портија и било доста од нејзините испади, го запрела автомобилот и ѝ се заканила на Елен дека ќе мора да оди со Убер, ако не и се тргне од грбот“, вели изворот.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom