Меланија Трамп ги извршува своите последни протоколарни должности на позицијата Прва дама на САД. Таа се појави како водителка на традиционалниот настан „Toys for Tots“, каде што им подели играчки на децата на американските маринци во базата Анакостија-Болинг во Вашингтон.
За оваа пригода таа одбрала лежерно издание со шмек на празничен дух. Белите панталони „цигара“ крој ги спои со густа долчевита во мека бела боја на кафе и темно сина јакна што ја истакнува нејзината фит фигура.
Во изданието доминираа карираните потпетици од Manola Blahnik. Поточно, распродаден модел BB со потпетици од 10 сантиметри, инспириран од француската дива Брижит Бардо, кои се продаваат по цена од околу 700 долари.
Меланија Трамп е обожавателка на дизајнерски чевли со вртоглави потпетици и карактеристични дезени, а во нејзината гардероба најчесто се појавуваат потпетици потпишани од Christiana Louboutin, Manola Blahnik и Jimmy Choo..



