Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кога стрелците сѐ вљубуваат: Зошто луѓето во овој знак (не) се совршени партнери?

Позитивни, насмеани, весели, забавни и многу шармантни – сите тие се стрелци. Овие квалитети играат голема улога во љубовниот живот на припадниците на овој знак затоа што ги прават толку привлечни и неодоливи.

На Стрелците понекогаш им е потребно многу долго време за целосно да се предадат на личноста со која се во врска и малку се плашат од интимност. Ова е причината зошто тие ненамерно можат да дадат впечаток на незаинтересираност или да изгледаат недостижни.

Всушност, на нив им е тешко да влезат во сериозна врска со некој што претходно не го познавале и тие најдобро функционираат во врските родени во пријателство.

На почетокот можеби се малку далечни, но во моментот кога ќе се предадат веќе немаат сопирачки. Стрелците бараат партнери со кои ќе можат да живеат возбудлив, активен и брз живот. Овој знак не може да трае долго на истото место, потребни им се животни авантури, патувања што им отвораат нови видици и преку кои постојано учат и работат на себе.

Стрелците се заводници и кога сакаат да ве освојат, ништо нема да ги спречи. Тие се многу интензивни и внимателни, ќе разговараат со вас отворено и без двоумење за иднината и затоа е многу лесно да се заљубите во нив затоа што веднаш ве известуваат дека создале место за вас во нивниот живот.

Се разбира, тоа ниво на отвореност доаѓа само кога тие се целосно сигурни во своите чувства кон вас.

Тие сакаат внимание и ако сметаат дека ги занемарувате, тие се склони кон повремено исклучување. Тие се импулсивни и спонтани во сите аспекти на животот, вклучително и во љубовта.

Како поборници за лична слобода и независност, стрелците не сакаат љубомора и посесивност. Интересно е што тие не се склони кон никакви игри и не сакаат да изневеруваат, но од друга страна, истражувањата покажаа дека тие се знакот што изневерува најчесто.

Сепак, тие не го прават тоа од страст и несериозност. Дури кога ќе сфатат дека се запоставени и непочитувани, стрелците почнуваат да размислуваат дали има некој подобар за нив и со тоа да си го отворат патот кон неверството за себе.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement