Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Познатиот хотел La Mamounia во Маракеш со нов ориентален изглед

Хотелот La Mamounia постои од 1923 година и за време на неговото постоење се наметна како еден од најубавите во Маракеш и скоро секогаш како прва асоцијација кога мислиме на луксузен престој. Иако хотелот е реновиран во 2009 година, тие одлучиле уште еднаш да го реновираат по повод неговиот 100-ти роденден. Работата започна во март годинава.

Овој пат делото им било доверено на париските архитекти Патрик Џуин и Саџит Манк. Архитектите направиле лесен фејс-лифт на просторот, од страна на клиентот, затоа што краткиот налог нареди да се задржат сите карактеристики на хотелот и неговиот препознатлив карактер.

Покрај промените во декорот, нови ресторани ве очекуваат тука. Два веќе се отворени како дел од проектот, а едниот е во сопственост на славниот готвач Жан Џорџ Вонгерихтен. Тој ќе ја надгледува кујната на новиот азиски ресторан чие мени се фокусира на специјалитети од Јужна Азија, но исто така, ќе го превземе и италијанскиот ресторан познат по своите најдобри пици во Маракеш.

Новините не завршуваат тука. Отворен е и „Salon de thé by Pierre Hermé“, кој служи појадок, попладневен чај и закуски, сите под франшизата на францускиот слаткар Пјер Херме. Во барот Черчил, работите се исто така различни и сега барот со 20 седишта служи кавијар направен специјално за хотелот од најстарата работилница за кавијари во Париз – Кавиари. Покрај тоа, поранешниот марокански ресторан на покривот на хотелот, сега е претворен во трендовски салон-бар кој ќе има диџеј со полно работно време.

La Mamounia отсекогаш бил хотел кој е симбол на рафиниран луксуз и раскош, а со овие промени неговата елеганција и величественост дополнително се истакнуваат. Кога на сето ова ќе додадеме ново приватно кино, простор за вечера до 12 лица и фантастичен спа центар, ќе го ставиме на списокот за задолжителна посета откако сето ова ќе заврши.

Прочитај

Cotton Club

Силуетата изгледа издолжена и хармонична, а половината е визуелно нагласена, а да не зборуваме за удобноста. Доколку барате панталони кои визуелно го стеснуваат вашиот...

Green Tea

Што треба да јадете, а што генерално да избегнувате? Промените во животниот стил, вклучувајќи ја исхраната и губењето на тежината, се главните начини за...

Green Tea

Доколку имате проблеми со спиењето, тогаш овој чај е вистинското решение за вас. Кога се соочуваме со замор, несоница, стрес и нервоза, честопати бараме...

Green Tea

Дури и кога ќе го напуштите Фејсбук или Инстаграм, Мета може да продолжи да собира податоци за вашите онлајн активности ако сте најавени. Причината...

Advertisement