Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Неочекувано хоби на ѕвездите

Пчелари, плетачи и пилоти – ѕвездите на шоубизнисот имаат различни начини да се релаксираат…

Дали сте ги гледале сите серии, дали сте ги играле сите игри и дали сте завршиле на Интернет? Во потрага по нов интерес и забава, ги истражувавме активностите на славните и мора да признаеме дека некои навистина нè изненадија.

Ако некогаш сте пробале да плетете, знаете дека започнувањето воопшто не е лесно, но ако се навикнувате, плетењето е многу релаксирачка активност што може да резултира со нови модни додатоци кои ќе ве стоплат оваа зима или оригинални новогодишни подароци. Меѓу славните има и такви кои се релаксираат со плетење во тие долги денови на сетот: Џулија Робертс обожава плетење, па дури и мотивирала некои колеги од сетот да се вратат на своите стари недовршени проекти за плетење. Актерот Рајан Гослинг, кој ја совладал вештината за време на снимањето на филмот „Lars & the Real Girl“, исто така ја споделува својата љубов кон плетењето.

Никол Кидман ужива во адреналински спортови, а нејзиниот омилен е скок со падобран, за што има и лиценца, бидејќи тврди дека е најблиску до летање.

За разлика од Никол, Тејлор Свифт има многу помирни интереси: таа прави бајковити снежни топки од тегли, светки и антички фигурини.

Актерката Џенифер Гарнер би заслужила неколку написи за своето хоби и активности што ги споделува секојдневно со следбениците на социјалните мрежи – печење колачи, градинарство, одгледување кокошки, вежбање и играње на саксофон. Иако не е подеднакво квалификувана во секого, нејзиниот ентузијазам да проба нови работи е нешто што веднаш нè расположува и нè мотивира самите да истражуваме нови вештини.

Полна со изненадувања и скриени таленти, претприемач, ријалити sвезда и диџеј Парис Хилтон сака да собира и да ги обновува старите винтиџ радија во слободното време.

Бијонсе или Queen B, навистина чува кошници и произведува мед. Неодамна, во интервју за Vogue, открила дека има две вистински кошници со околу 80.000 пчели, и започнала да произведува мед кој има позитивни ефекти врз телото поради бројните алергии на нејзините ќерки Блу и Руми.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement