Koenigsegg може слободно да се тргне на страна, бидејќи на улиците доаѓа нов ѕвер …
Дизајнот на овој автомобил е одговорност на Џовин Вонг, основач на Vin Design и визионер кој стои зад автомобилите Apollo IE и De Tomaso P72 , додека дизајнот на боите и материјалите го следи Кејт Монтгомери, поранешна дизајнерка на моделот Aston Martin Lagonda. Ова дуо создаде неверојатен автомобил, кој се карактеризира со остри линии и спортски стил.
Силата доаѓа од 5,0-литарски твин-турбо V8 мотор, што ќе го забрза ова возило од 0-100 Km / h за помалку од 2,3 секунди. Исто така, достигнува очекувана максимална брзина од над 370 km/h, додека произведува 1.036 Nm вртежен момент и 1.377 kg потисна сила – што е повеќе од тркачки автомобил GT3.
Само 49 од овие автомобилски машини Naran ќе бидат направени. Секој е целосно уникатен – дури и до името на моделот, давајќи им можност на клиентите сами да го именуваат како јахта. Сè во автомобилот Naran ќе биде прилагодено на вкусот на колекционерот, што значи дека сите ќе бидат уникатни.
Цената на автомобилот не е позната, како и датумот кога ќе бидат на продажба.




