Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Деми Мур во 58-та година има тело како супермодел: Овие 2 правила се заслужни за нејзината витка линија!

„Кога бев помлада, се држев до строга диета и јадев многу малку калории, а потоа научив дека не дава најдобри резултати, и покрај тоа, воопшто не е здраво“, вели Деми Мур, која има 58 години а изгледа како да има 30.

Ако се прашувавте како актерката успева да изгледа толку добро во 6-та деценија, ќе ви ја откриеме нејзината тајна. На прашањето зошто нема ниту еден грам маснотии на телото, таа вели дека е така благодарение на овие правила.

„Прифаќањето на сопственото тело е клучот за среќата и да се чувствувате добро“, вели таа. Кога ќе сфатите дека телото кое го имате е најубаво и дека мора да се чувствувате убаво во него, сè се менува.

“Исто така, клучот за добра форма е умереноста. Јадам умерено и вежбам умерено, бидејќи сфатив дека крајностите не мора да водат кон успех. Бев истоштена со вежбање во теретана и сè уште не бев задоволна од својот изглед.“ – вели Деми.

До овие 2 правила се придржува строго:

Умерена исхрана

Како што нагласи, нејзината диета е избалансирана и умерена. Претежно се обидува да јаде здраво, но си дозволува да ужива во слатките еднаш неделно. Таа јаде нискокалорична храна 6 дена во неделата, но недела е ден за опуштање.

Поголемиот дел од нејзината диета се состои од протеини кои се важни за градење на мускулите и воопшто за добро здравје.

Појадокот е претежно изматени јајца, за ручек јаде малку месо или риба и многу салата, додека вечерата се состои од интегрален тост и кисело млеко. Помеѓу оброците има и 2 закуски кои се состојат од сезонско овошје или неколку ореви.

Умерено вежбање

Физичката активност е важна, но дури и тука треба да бидете умерени и да најдете нешто во што уживате. Деми Мур откри дека најмногу ужива во часовите по јога и трчање. Овие две физички активности ги практикува 3 пати неделно.

Со малку волја и дисциплина, секој од нас може да има тело како Деми Мур.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement