Со години, Меланија Трамп е верна на својот елегантен стил. Кога ќе дојдат постудените денови, најмногу можеме да ја видиме во фустани и најубавите капути.
Таа многу добро знае што најмногу одговара на нејзината градба, па скоро никогаш не греши кога е модата во прашање. Нејзините комбинации се одраз на добриот стил, и со секое ново појавување докажува дека е наречена кралица на стилот со добра причина.
Меланија претежно ја истакнува својата витка фигура во преден план, нејзините комбинации се минималистички, а воедно и многу импресивни и оставаат силен впечаток.
Таа обожава светли бои и добро скроени фустани, а вие ќе се согласите дека ѝ стојат најдобро.
Најдовме неколку интересни и сè уште актуелни стилови на првата дама на Америка, кои можат да послужат како инспирација.
Ако копирате една од овие комбинации на облека, без сомнение, ќе изгледате моќно, а комплиментите нема да изостанат.


















