Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам (38) се качија вчера во авионот за да посетат девет локации во Англија, Шкотска и Велс.
Војвотката од Кембриџ за оваа пригода избра зелено маслинесто палто, потпишано од нејзиниот омилен моден креатор Александар Меквин.

Тоа е модел во кој Кејт се појави во јавноста неколку пати. Последен пат таа кога заблеска во него беше во јануари годинава кога кралскиот пар отпатува за Брадфорд.
Заедно со палтото, таа искомбинира класична црна чанта Grace Han Love Letter, додека за чевлите избра кожни чизми со избрусена кожа од Ралф Лорен.

Изданието го зачини со кариран шал кој поради боите и делот има вистински божиќен шмек.
Според „Дејли меил“, Кејт веќе го носела овој шал во 2016 година, а станува збор за модел на брендот Jork Scarves, за кој прошета за време на нејзината посета на Канада, а чини 15 фунти.

