Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Она што некогаш ја турна омилена русокоса до дното на животот: Зависност од алкохол, депресија и обид за самоубиство

Британско-ирската актерка Миша Бартон (34) се прослави со улогата на Мариса Купер во некогаш многу популарната тинејџерска серија „Округот Оринџ“, која се емитуваше од 2003 до 2006 година.

Во тоа време, таа беше едно од омилените лица на ТВ-екранот. Сепак, нејзиниот живот е проследен со скандали уште од почетокот на нејзината кариера, а сите тажни настани влијаеа и на нејзината тежина. Во последно време ги загрижи фановите со својот изглед.

Актерката е фотографирана за време на прошетка во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес, но никој не го пропуштил нејзиниот тажен и внимателен поглед кон бетонот.

Облечена во широки тренерки, таа се обиде да ги сокрие вишокот килограми што ги добила како резултат на тешката борба со зависноста од алкохол. Забележливо е и дека има масни наслаги на брадата.

Да потсетиме, Миша веќе неколку пати е снимена како се тетерави со чаша вино во раката околу куќата или седната на патеката, а бројните рехабилитации очигледно не помагаат многу.

Во мај 2007 година, е хоспитализирана поради мешање таблети со алкохол, а истата година, уапсена за управување со автомобил без важечка возачка дозвола.

Во 2008 година, таа била осудена на три години условно, морала да оди на предавања за штетноста на алкохолот и платила парична казна од 2000 долари.

Во јули 2009 година, нејзиниот начин на живот го достигна својот врв, па нејзините родители и агентот организирале „интервенција“ откако дојдоа до заклучок дека Миша не е во можност да лета во Њујорк на еден настан.

Во пресрет на состанокот со агентот и нејзините родители, таа испила силни седативи, па набргу се онесвестила. Откако ја однеле во болница, ситуацијата излегла од контрола, па Миша се заканила дека ќе се самоубие.

Таа доживеала нервен слом и è примена во психијатриска болница. Бартон подоцна изјави дека никогаш не била самоубиствена, но дека е депресивна.

Поради своето однесување, таа влезе во финансиски проблеми до срж. Сè започна во 2014 година откако таблоидите објавија дека има проблеми, затоа што не платила хипотека вредна 15 илјади долари.

Се обиде да ја продаде својата вила во Беверли Хилс, но не успеа во тоа со години. Таа дури ја тужела и нејзината мајка Нуала Бартон, која во тоа време своевремено е нејзин менаџер, но, како што изјави Нуала, поради проблемите, добивала скратена плата, а уште полошо била оттргната од сопствената куќа.

Бидејќи е родена во Лондон и порасната во Њујорк, Миша сега живее на релација меѓу Велика Британија и Америка.

Минатата година стави крај на нејзината двегодишна љубовна врска со австралискиот модел Џејмс Аберкомб, а моментално е во врска со нејзиниот колега Марк Фламини.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement