За станот на Атина Калдероне, дизајнерка и основач на блогот Eyeswoon која ги следи холивудските sвезди како Џенифер Анистон, Џесика Алба и Хилари Даф, велат дека е најубава на Инстаграм.
Нејзиниот дом е модерно украсен, а очигледно е дека Атина е љубител на минимализмот и необичните детали.
Покрај тоа што станот е украсен во светли тонови, просториите се поделени со стакло, што придонесува за чувството на прозрачност.
Мебелот е претежно во бели, беж и црни тонови, а трпезаријата е особено интересна. Над рустикалната маса се наоѓаат модерни скулптури и необичен лустер.
Таа не сакаше да висат елементи во кујната, туку само постави една полица на која прикажуваше чинии и слики.
