Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

10 елегантни блејзери за новогодишната ноќ

Нова година е најдобро време за елегантни комбинации на облека, дури и ако треба да ја поминете во тесен семеен круг, без традиционални, весели и бучни забави.

Сепак, како што велат – како што ја дочекувате годината, така и ќе ја поминете. Секако, целиот свет се надева дека следната година ќе биде сосема поинаква од онаа што наскоро ќе ја оставиме зад нас. Следната година сакаме да ја поминеме фокусирани на некои сосема различни работи, додека новогодишната ноќ сакаме да ја разубавиме со цел традиционален празничен арсенал во форма на кадифе, кристали и светки кои се уште се во функција – но овој пат таа ќе биде дополнително засилена со ултрамодерни ресни. И, ако не сакате да носите фустан, има решение – елегантен блејзер.

Подолг блејзер може да го замени фустанот, но доколку е потребно, тој може лежерно да се закачи преку рамото. Подоцна, може да се комбинира со голем број работи – фустани, здолништа, панталони и шорцеви.

Оваа сезона, дизајнерите беа инспирирани од блејзери и претставија совршени модели изработени од жакард, плиш и кадифе, сјаен сатен со везови, кристали, светки. Блејзерот на Зара содржи асиметрични, светликави реси – одличен избор за танцување. Блејзерот на Александар Меквин е украсен со софистициран кристален вез со цветни мотиви.

Погледнете ги најубавите модели за празничната новогодишна ноќ во галеријата со фотографии.

RED VALENTINO
ALEXANDER MCQUEEN
RED VALENTINO
TWINSET
PINKO
BALENCIAGA
ZARA
ELISABETTA FRANCHI
PINKO
MAX&CO

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement