Принцот од Велс реши да ги промовира сопствените идеали преку својата фондација.
После колекцијата облека, најстариот син на британската кралица претстави марами изработени од природна волна лансирани во ограничено издание. Пред точно десет години, престолонаследникот ја основаше „The Campaign For Wool“ – а колекцијата шалови е темпирано да се совпадне со овој настан.
Шалови од новата колекција се достапни во три бои: розова, сина и сива со препознатлив дезен. Единствена мешавина од волна од Велика Британија, Австралија, Јужна Африка и Нов Зеланд беше користена при создавањето. „Важно е да се потсетат луѓето колку е вредна и еколошка волната, како влакна и како природен материјал. Производ како волна никогаш не би можел да се создаде во најсовремена лабораторија“, вели принцот. Марамите од 150 фунти веќе се продаваат на Нет-а-Портер, а сите приходи ќе бидат донирани во фондацијата на Принц Чарлс.
.jpg)
.jpg)
