Од Лејди Ди до Бијонсе и модерните трендсетерки, карираниот дизајн уште еднаш најде начин да доминира во модната сцена. Модните дизајнери едногласно кажаа ДА и оваа година!
Од фланелни кошули, до панталони, одела и секако палта.
Апсолутно сите комбинации изгледаат генијално. Од минималистичко црно-бело, класично темно зелена и кафеава до интензивна сина и црвена боја. Реално, тоа се последните работи што ни требаат, нели?
Погледнете како го носат овој дизајн најпопуларните Инстаграм инфлуенсери и пронајдете инспирација за себе.
