Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Билбо Багинс и Гандалф ги здружуваат силите: Актерските sвезди сакаат да ја купат куќата на Толкин

Сер Иан Мекелен и Мартин Фримен, sвездите од филмовите „Господарот на прстените“ и „Хобит“, се вклучија во кампањата за купување на поранешната куќа на славниот писател Џ.Р.Р Толкин во Оксфорд.

Добротворната организација „Project Northmoor“, започната од писателката Џулија Голдинг, во обид да собере 4,5 милиони фунти, за да се купи познатата куќа на улицата „Нортмор 20“ и да ја претворат во „литературен центар“ во чест на писателот.

Сегашните сопственици искочиле во пресрет и ја одложиле продажбата на куќата на славниот писател за три месеци, со цел да му дадат можност на организацијата „Project Northmoor“ да собере пари.

На Мекелен, кој го толкуваше волшебникот Гандалф и Мартин Фримен, хобитот Билбо Багинс, им се придружија Џон Рајс-Дејвис, кој го глумеше џуџето Гимли и Сер Дерек Јакоби, кој неодамна глумеше во биографски филм за Толкин, во обид што е можно побрзо да ги соберат парите. Идејата е поддржана и од пејачката Ени Ленокс. Поради фактот што куќата, инаку на списокот на згради од посебно историско значење, се наоѓа во станбена област, законски не може да стане музеј. Затоа, еден ден, доколку средства успешно сè собрани, фановите на Толкин би биле „гости“ во тоа. Таквата домашна атмосфера би одговарала на разни активности, како што се курсеви за креативно пишување и места каде што писателите би можеле да работат на своите дела во инспиративна средина.

Во случај парите да не бидат собрани (и секој придонес е, велат тие, важен и добредојден), организацијата вели дека сè што ќе се појави на сметката ќе се искористи за промовирање на наследството на Толкин и за славење на креативноста.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement