Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Принцезата од Монако воодушеви со својот нов имиџ: Ќерката на Грејс Кели старее грациозно и со стил!

Ако барате инспирација кога станува збор за истакнување на сребрените влакна во вашата коса, 63-годишната принцеза Каролина од Монако стана најдобриот пример за горенаведеното. На прославата на Денот на државноста во Монако, ќерката на холивудската дива Грејс Кели и принцот Рение се појавила минатиот месец со природна боја на коса и ги воодушеви сите присутни.

Како и многу дами, знаците на стареење во знакот на сребрените влакна со години вешто ги „маскирала“ монегаската принцеза боејќи ја косата во чоколадно кафеава нијанса.

Годината 2020 се покажа како значајна воопшто за седата коса. Поради карантинот, предизвикан од глобалната пандемија, многу дами не биле во можност да ја посетат својата омилена фризерка со месеци и да ја обноват бојата на косата, што на крајот резултираше со негување на нивниот природен изглед и поголем акцент на сребрените влакна.

Наместо да ги кријат сребрените влакна, жените ширум светот сега резервираат термини кај нивните омилени фризерски салони, за да им помогнат и стилизираат нивната седа коса со текот на годините.

Примерот за седа коса на принцезата од Монако, според многу фризери, е совршен начин постепено да се потенцира сребрените влакна. Со доаѓањето на сивата, првиот чекор би бил да се нагласат седите влакна околу линијата на косата, со цел да се намали ефектот на растот, а во горенаведеното, според фризерските стилисти, помагаат и балајаж техниките за боење на косата.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement