Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Трендови во полето на веренички прстени во 2020-та

Постојат неверојатен број видови на веренички прстени, од поедноставни до елегантни до вистински грандиозни варијанти. Милиони комбинации кои вклучуваат избор на скапоцени камења, нивната форма и големина, потоа избор на благороден метал и секако боја, всушност се дизајнирани да ви овозможат да го пронајдете оној од вашите соништа.

Можеби сте имале на ум еден посебен вид прстен со години, но како што се менуваат трендовите и стиловите, кога ќе дојде време вашиот сакан да ви го даде, може да се премислите. Доколку сте заинтересирани да дознаете кои се моменталните трендови во однос на дизајнот на веренички прстен, останете со нас во следните редови. Ви откриваме што има на списокот на најбарани во 2020 година.

Дијамант – остар пресек

Иако кружните дијамантски камења сè уште се многу популарни, неодамна посебно внимание привлекоа камењата со остри резови. За да ви го претставиме овој вид камен на поживописен начин, замислете прстени со овални перничиња или крушкаст камен. Секоја од овие форми е приказна сама за себе, и опција за сите дами кои сакаат прстен што се истакнува.

Жолто златен прстен

Жолтото злато се враќа на главната врата со стил. Иако добар дел од девојките сè уште претпочитаат бело злато, се повеќе од нив се враќаат на традицијата и повторно ја откриваат убавината на жолтиот сјај. Прекрасната златна нијанса на овој метал носи нов изглед на дијамантот на вашиот веренички прстен, а неговата предност е што изгледа фантастично на сите тонови на кожата.

Дијамантски алтернативи

Како што еколошкиот аспект се доближува до модата и индустријата за накит, се повеќе парови се свртуваат кон алтернативи за дијаманти. Најпопуларните меѓу нив се дијаманти направени во лаборатории. Тие ги имаат истите оптички, физички и молекуларни карактеристики како и вистинските дијаманти, со единствена разлика во нивното потекло и цена.

Минималистички стилови

Минимализмот влезе во сите сфери на модерниот живот, дури и во изборот на веренички прстен. Елегантен, минимален и многу привлечен, овој прстен со или без дијамант е во фокусот на приказната, без во секој случај придружни додатоци. Овој прстен делува како ореол кој нежно се обвиткува околу прстот.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement