Ако не сте го виделе тоа со свои очи, веројатно денес некаде сте наишле на информации дека некаде врне снег. Зимата е пред самиот агол, декември започна, Божиќ е се поблизу и воопшто не е невообичаено што како „гости“ пристигнаа белите снегулки.
Љубителите на снег сакаат да ја искористат можноста да направат снежни луѓе оваа зима, но и оние кои малку помалку го сакаат снегот, можат да уживаат и во него. Затоа што, мора да признаете дека има нешто особено волшебно во гледањето снегулки додека седите завиткани во ќебе до вашиот прозорец.
Замислете сега дека тој прозорец е дел од некоја колиба опкружена со бело ќебе. Милина, нели?
Додека сонувате да одите на такво место, во нашата галерија може да погледнете во планинарска колиба чиј ентериер е богат со дрва, а од кој погледот прегледува на прекрасните планини. Лесно е да се замисли како ги минуваме студените зимски денови во него додека гори оган во огништето, а грееното вино ги загрева нашите раце.














