Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Oптичка илузија ја претвори улицата во Монтреал во песочни брановити дини

И навистина е така! Убедени сме во тоа безброј пати кога и да наидеме на некоја оптичка илузија. Но, она што денес ви го претставуваме навистина ја доведува во прашање нашата способност за перципирање. Тоа е дело на канадска архитектонска фирма наречена NOS, а уметничкото дело се наоѓа на многу невообичаена локација, на улиците на Монтреал.

Optička iluzija pretvara ulicu u Montrealu u valovite peščane dime

Делото е наречено „Подвижни дини“ и има неверојатна моќ да ја свитка човечката перспектива. Кога се гледа од одреден агол, ова уметничко дело изгледа измамливо имитирајќи ги обрасците на песок во пустината. Огромни сфери на хром придонесуваат за ефект на илузија, а резултатот е апсолутно зачудувачки.

Optička iluzija pretvara ulicu u Montrealu u valovite peščane dime

Според компанијата одговорна за создавањето на овој уметнички израз – тоа е искуствен мираж во срцето на Монтреал во кое се испреплетуваат реалното и виртуелното. Делото е создадено во 2008 година како дел од изложбата во Монтреалскиот музеј за ликовна уметност под наслов „Од Африка до Америка: Лице в лице со Пикасо, минато и сегашност“.

Optička iluzija pretvara ulicu u Montrealu u valovite peščane dime

Извлекувајќи инспирација од делото на кубанските уметници, илузорното уметничко дело беше поставено на Авенијата де Музеј, како дел од годишната покана за уметници. Архитектот што стои зад ова дело рече дека идејата за таква креација се појавила кога тие сакале да и дадат на улицата волумен, односно топографија, имајќи предвид дека инсталацијата треба да биде дводимензионална за да им се овозможи на пешаците да се движат по неа. Инспириран од графичката техника на кубизам, тимот создаде необична илузија на длабочина.

Optička iluzija pretvara ulicu u Montrealu u valovite peščane dime

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement