Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Најновите информации од Аргентина, Марадона испил коктел лекови пред неговата смрт

Пред точно една недела нè напушти легендарниот фудбалер Диего Марадона. Неговата ненадејна смрт шокирало многумина, поради што сè уште се зборува за целиот случај. Според последните информации од Аргентина, од каде потекнува Марадона, 60-годишникот испил коктел со лекови непосредно пред смртта, што наводно сериозно му го оштетило срцето, кое во брзо време откажало.

Според тамошните медиуми, сето тоа го открило неговото медицинско досие. Коктелот содржел антидепресиви и антипсихотици, кои исто така се користат за лекување на биполарно растројство. Покрај тоа, сега се знае информација дека кај него е дијагностицирана дилатациона кардиомиопатија – здравствена состојба во која срцевиот мускул ослабува и се зголемува, но не може да пумпа доволно крв за остатокот од телото.

За сето тоа проговорил локалниот невролог. „Треба да се испита колку лекови му биле дадени и кои се критериумите за земање, дали ги земал во исто време или не. Имало многу мешање на антидепресиви и антипсихотици, што има силно влијание врз срцето, особено на отчукувањата на срцето“, изјави тој.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement