Првата зима и последниот месец од годината може да бидат ладни, но тоа не значи дека треба да се откажеме од модата. Најдовме феноменални стајлинзи што може да послужат како инспирација за наредните денови. Тука, секоја дама сигурно ќе најде нешто по нејзин вкус.
Француски шик
Длабоки чизми, џемпер и беретки, вистинска женска комбинација.
Фустанот џемпер е апсолутен хит на сезоната
Комбинацијата на фустан со џемпер, кошула и длабоки чизми секогаш изгледа феноменално. Вака искомбинирано, ќе привлечете големо внимание.
Истиот фустан можете да го носите на малку понеформален начин и повторно ќе изгледате феноменално. Во комбинација со црни чорапи и бели патики, изгледа подеднакво интересно.
Црно за сите прилики
Црната боја е секогаш безбеден избор, и комбинации како оваа никогаш нема да изостанат.
Лежерен стил
За прошетка низ град или одење до кај пријател, изберете безвременска класика. Фармерките и ролката се секогаш хит.
Палтото е задолжително оваа зима
Без ова парче, зимата е неинтересна. Што и да облечете, кога комбинирате ваков интересен капут, секоја комбинација блеска.
Удобно, и толку моќно
Вака облечена, секоја жена изгледа моќно. Капите се на врвот на модната листа оваа година.
Скршете ја монотонијата на зимските денови со светли бои
Портокаловата е идеална боја што ќе донесе спокојство во мрачните денови. Секоја жена со стил мора да има барем едно парче во некоја впечатлива боја.
Наједноставните комбинации понекогаш изгледаат најмоќно
Длабоките чизми и црното здолниште се идеални за оние денови кога немате многу инспирација за облекување. Облечете се вака и сигурно нема да погрешите.
Плетени тренерки се IN
Овие пошироки модели се апсолутен хит, и покрај тоа, тие се пријатни и што е најважно, ќе ве стоплат во студените денови.
Теди капутот не е помалку популарен ниту оваа зима
Сите трендсетерки сè уште се луди по ова парче. Ако сè уште го немате во вашата гардероба, време е да набавите барем еден.
Црвениот џемпер е задолжително зимско парче, велат модните експерти
Повеќе шарени, толку подобро, е правилото што важи оваа зима …
