Кога Џон Кенеди бил застрелан во Далас, крвта го распрснала розовиот комплет на неговата сопруга Џеки. Сепак, малку се знае за приказната зад овој славен дел од нејзината гардероба!
На 22 ноември 1963 година, тогашниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди инсистираше тој да вози низ улиците на Далас во претседателска колона во автомобил со спуштен покрив, што му ја олесни работата на атентаторот и го направи овој ден еден од најтрагичните во поновата американска историја.
Неговата сопруга Џаклин Џеки Кенеди во тој момент седеше покрај него во розов волнен сет, кој на тој начин стана дел од историјата.
Веќе позната како модна икона во тоа време, никој не се изненади што и овој пат беше беспрекорно облечена, но она што го направи е што овој костум стана нејзин симбол на отпор.
Имено, таа одби да го соблече дури 24 часа по атентатот, а го носеше и кога Линдон Џонсон положи заклетва за нов претседател. На неа се гледаа траги од крвта на Кенеди и таа рече дека на тој начин сака убиецот да „види што му направил на Џон“. Според некои извори блиски до оваа претседателска двојка, овој комплет на Шанел бил омилен на нејзиниот сопруг.
Приказната за розовиот сет на Џеки Кенеди падна во заборав кога се омажи за грчкиот сопственик на бродови Аристотел Оназис, а многумина останаа да се прашуваат што му се случило на крајот.

Вистината може да изненади многумина! Откако Џеки конечно го соблече сетот, нејзината мајка го стави во кутија, го напиша датумот – 22 ноември 1963 година и го остави на таванот во куќата во која живееше. Години подоцна, ќерката на Џеки и Џон ја пронашле кутијата и го донирале комплетот, кој никогаш не бил измиен и на кој сè уште се гледаат траги од крв, на Националниот архив. Тоа беше 2003 година, девет години по смртта на нејзината мајка.
При предавањето на „пакетот“ таа имала само еден услов!
Познатиот сет во розова боја на Шанел, кој се состои од јакна и здолниште со класичен крој, а чии реплики ги носеа актерки како Кети Холмс и Натали Портман во неколку филмски и сериски адаптации од животот на Кенеди, не смее да се прикажува во јавноста, под никакви околности до 2103 година!
Останува да се погоди кои се причините семејството Кенеди да ги „уценува“ Националните архиви со оваа одредба. Забраната продолжува, па дури и по истекот, според потпишаниот договор, некои идни членови на семејството Кенеди ќе можат повторно да преговараат за условите за чување на комплетот.
