Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Есента сѐ уште не завршила, па зошто да не го испробате овој превкусен десерт со тиква кој ќе ви намами насмевка на лицето

Тиквата е секако една од најпопуларните есенски намирници, а бидејќи содржи дури 90 проценти вода и е богата со хранливи материи, влакна и минерали, таа е идеална храна за сите оние кои се грижат за својата фигура. Иако најчесто се користи за подготовка на солени јадења, многу е лесно да се подготват кремасти десерти како оваа вкусна пита од тиква што сигурно ќе ги придобие љубителите на оригинални колачи и торти. Подолу ве чека детален рецепт.

  • Состојки

За тестото:

250 гр брашно
4 лажици шеќер
1/2 лажиче сол
120 гр путер
јајце
1/2 дл вода

За кремот:

1 кг тиква
2 дл ладна вода
100 гр шеќер
сок од 1 лимон
4 јајца
200 гр павлака

  • Подготовка
  1. Во сад додадете брашно, четири лажици шеќер и сол. Промешајте, потоа додадете омекнат путер, јајце и месете со рацете, постепено додавајќи вода. Месете додека не добиете мазно тесто.
  2. Оформете го тестото во топка, па завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои во фрижидер половина час.
  3. Во тенџерето додадете тиква и вода на коцки и варете ја десет минути. Процедете и оставете да се излади, а потоа измешајте го со миксер за стапчиња.
  4. Додадете 100 гр шеќер, сок од лимон, четири јајца и павлака и повторно мешајте кратко со миксер.
  5. Притиснете го тестото во малку помал плех за торти со обложување и на страната на плехот. Помогнете си со лажица. Тестото избоцкајте го со вилушка и печете го во рерна 15 минути на 180 степени.
  6. Додадете го кремот и печете на иста температура уште 30 минути. Добро изладете го десертот пред да го послужите.

Добар апетит!

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement