Модната куќа Диор носи дополнителна доза магија за Божиќ, со колекција инспирирана од традиционалните лампи Луминарија, кои воедно беа и позадина на ревијата Диор Круз 2021 во Пулја, Италија.

Преку модната ревија Cruise 2021, куќата на Диор отпатува во Пулја, со традиционални светилки Луминарија, создадени специјално за таа пригода од уметничката Маринела Сенаторе. Овој детал сега стана основа на Диор за неговата празнична колекција на уметнички дела, што нè прави расположени да избегаме на дестинациите од бајките.

Впечатливите модели беа дизајнирани од Марија Грација Чиури и се отпечатени на садови, тацна и садови за сервирање. Како последен детал, креативната директорка го додаде својот потпис на рачно насликани дрвени украси, свеќи и честитки.
Божиќ е магија, дури и во ова тешко време низ кое поминуваме.

